Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за мечевите со Шпанија и Украина

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во третиот, последен квалификациски прозорец за Светското Првенство закажано за идната календарска година.

На први јули, нашите репрезентативци ќе се пресметаат со актуелниот светски шампион Шпанија, а неколку дена подоцна (4 јули) ќе си ги одмерат силите со Украина, во Скопје (СЦ Борис Трајковски, 18:00 часот).

  • Списокот на кошаркари за сениорската селекција: 

Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Бобан Стајиќ – Пелистер
Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
Рубин Стефанов – Канту, Италија
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Митревски – Феникс 2010
Виктор Ефремовски - Гостивар
Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром
Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
Адем Мекиќ - МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Иванов - МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
Ваљмир Какруки - Работнички
Амар Хот – Феникс 2010
Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
Љубомир Младеновски – Пелистер

Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25 јуни, во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 10:00 часот.