Баерн по три сезони го врати Пол Зипсер во своите редови

Германскиот репрезентативец Пол Зипсер е нов кошаркар на Баерн Минхен. Дејан Радоњиќ доби уште едно големо засилување за сезоната 2019/20, откако шампионот на Германија се договори за премин на 25-годишниот крилен центар од шпанскиот Бургос во евролигашот.

Овој трансфер е своевидно враќање на Зипсер кај Баварците, за кои играше од 2013 до 2016 година. Овој кошаркар настапуваше за Чикаго Булс две сезони, но не се наметна па се враќа во Европа.

Баерн Минхен сезонава е посилен за Лесорт, Флакадари и Монро.