• Зоран Мишевски

Дефанзивецот Ник Вајлер-Баб потпиша двегодишен договор со Баерн, објави клубот oд Баварија на своите социјалните медиуми. Вајлер-Баб ја мина својата прва година како професионален во Германија, а носејќи го дресот на Лудвигсбург просечно бележеше 13,3 поени, 5 скока и 2,6 асистенции.
За првпат во историјата, Лудвигсбург се бореше за титулата, а токму ова момче имаше голем удел во тоа.
Ова е уште едно засилување за тимот на поранешниот тренер на Партизан, Андреа Тринкиери, по Џејлен Рејнолдс, Малком Томас и Џеј Болдвин.