• Горан Упале
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ и официјално повеќе не е член на Баерн Минхен. Германскиот шампион преку социјалните мрежи се збогуваше со популарниот Нено, потврдувајќи дека нивната соработка нема да биде продолжена.
„Ти благодариме, Нено“, објави Баерн, притоа откривајќи дека македонскиот плејмејкер кариерата ќе ја продолжи во Грција.
Димитријевиќ пристигна во Баерн во јануари како позајмен кошаркар од Зенит Санкт Петербург и остави добар впечаток во дресот на баварскиот клуб, настапувајќи во Евролигата и германското првенство.
Следната станица во неговата кариера ќе биде Арис, каде што ќе добие нов предизвик во грчката кошарка. Според претходните информации, македонскиот репрезентативец ќе потпише двегодишен договор со клубот од Солун
