Баерн Минхен на една победа од титула во Бундеслигата

Екипата на Баерн Минхен се наоѓа на победа до титула во Бундеслигата, затоа што во финалната серија вторпат ја совлада Алба Берлин (77-82) и на свој терен ќе има прва шанса да му се радува на трофејот.

„Баварците“ одиграа одличен натпревар, со осцилации само во последниот период, кога дозволија Алба сериозно да се закани дека може да дојде до изедначување во серијата. Гостинот водеше со неверојатни 12 поени (61-73), но Алба влезе во ритам, па во средината на четвртиот период дојде на „минус еден“ (72-73).

Тоа беше знак за Баерн Минхен да се повика тајм-аут, по кој веднаш се врати скромната предност од шест поени (72-78) и се држеше вешто до крајот на натпреварот.

Најдобар кај Баерн Минхен беше капитенот Букер со 16 поени, Вилијамс постигна 12, а Копонен заврши со 11 поени, додека кај Алба, Вагнер и Гиедраитис реализираа по 14 поени.

Третиот меч од финалната серија кој може да го даде шампионот на Германија ќе се игра на 23 јуни во Минхен.