• Мартин Танасковски
Екипата на Црвена Звезда ја заврши евролигашката сезона со пораз од Баерн Минхен по продолжение (84-84, 97-93), во еден дуел кој беше полн со драма и пресврти, ама со хепи-енд за домашниот тим.
Мечот се реши по додатни пет минути, иако Баерн Минхен во третата четвртина блесна и обезбеди двоцифрена предност. На влезот во последните десет минути, белграѓани се вратија во мечот и следеше драма на крајот. Црвена Звезда имаше 78-80 на влезот во последните 100 секунди, а Баерн Минхен дојде до 82-80. Калиниќ погоди два слободни за 82-82, а на спротивната страна, Едвардс даде кош за 84-82 на две секунди пред крајот.
И во последниот напад на Црвена Звезда следеше чудо. Сите чекаа шут од Милер Мекинтаер, го заборавија Петрушев, тој доби топка во рекетот сам и погоди за реми. Во додатните пет минути, Баерн и Звезда беа близу, но белграѓани го завршија настапот. Проблемот во играта на тимот беа многуте промашени слободни фрлања во текот на целата средба.
Најдобар стрелец кај победникот беше Девин Букер со 21 поен, а Едвардс имаше 17 поени, додека кај Звезда, Филип Петрушев даде 30 поени, додека Никола Калиниќ даде 20 поени.
Баерн Минхен како победник во овој дуел ќе игра против Реал Мадрид како поразен во пресметката во плеј-инот со Париз.