Баерн Минхен ја одбрани титулата во кошаркарската Бундеслига

Големиот фаворит Баерн Минхен ја одбрани титулата во кошаркарската Бундеслига, откако во финалната серија ја надигра Алба Берлин со 3-0. Вечерва во третиот натпревар во „Ауди Дома“ екипата на Радоњиќ се врати од -15 и извојува победа по продолженија со 93-88.

Со втората титула по ред Баварците започнуваат доминација во германската кошарка и следната сезона пак ќе играат во Евролигата. Најефикасни поединци во победничкиот тим на Баерн беа Лучиќ со 23, Џедовиќ со 18 и Бартел со 15 поени. Кај Алба се истакнаа Сива со 21 и Тиман со 18 поени. 

Екипата на Гарсија немаше сили за продолжување на серијата и следната сезона ќе игра во Еврокупот.

Новата Бундеслига официјално почнува во септември годинава.