• Мартин Танасковски
Екипата на Баерн Минхен крои тим за настапот во Евролигата, а едно од големите засилувања кое пристигнува во тимот е Серж Ибака, играч со искуство во најсилната лига во светот и медалист со Шпанија.
Кошаркарот кој зад себе има огромно НБА резиме, се сели во Минхен и ќе биде големо засилување во играта под кошевите. Баерн создава сериозен тим за следната сезона, а трансферот на Ибака дополнително ги потврдува нивните големи амбиции. Ибака потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на сораотката по истекот на сезоната, доколку двете страни се задоволни.
Ова за високиот кошаркар ќе биде втор настап во Европа, откако во 2011 година играше за Реал Мадрид и со шпанската репрезентација го освои Еуробаскетот, на кој ја победија Македонија во полуфиналето. Потоа освои и сребрен медал од Олимписките игри во Лондон, а за Шпанија настапи на повеќе од 60 натпревари.
Серж Ибака кариерата ја започна во Интер Клуб од Конго и Л'Хоспиталитет, а потоа следуваше неговата блескава кариера и играше за Манреса, Реал Мадрид, Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик, Торонто Репторс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс. Минатата сезона во НБА лигата бележеше просек од 4,1 поени, 2,8 скока и 0,3 асистенции по натпревар.