Баерн Минхен го „одврза ќесето“ за најголемиот договор во клупската историја

Германскиот кошаркар Андреас Обст потпиша нов договор со Баерн Минхен, со кој ќе остане во клубот до 2029 година. Договорот е рекорден и најголем во историјата на кошаркарската секција на клубот.

Баерн реши да го задржи еден од своите најважни играчи и му понуди договор вреден околу 1,5 милиони евра по сезона, со што Обст стана најплатениот кошаркар во историјата на клубот.

Во последните години, Обст се профилираше како еден од најдобрите шутери во Европа, па постоеше сериозен интерес од повеќе евролигашки клубови. Сепак, тој одлучи да остане во Минхен и да продолжи да го носи дресот на баварскиот гигант. 

Новиот договор е со времетраење од три години и содржи дополнителни бонуси поврзани со остварените резултати и комерцијалните ефекти, вклучувајќи и процент од продажбата на дресови.

Со овој потег, Баерн испрати јасна порака дека има амбиција да го задржи костурот на тимот и да биде конкурентен во Евролигата и во наредните сезони