Баерн Минхен го има најдобриот дефанзивец во Евролигата

Американско-германскиот кошаркар, Ник Вајлер-Баб, е официјално избран за најдобар дефанзивец во регуларниот дел од Евролигата. 

Плејмејкерот на Баерн Минхен ја победи најтесната конкуренција и се закити со престижното признание кое му припаѓа на играчот кој оставил најголем впечаток во дефанзивните задачи. 

Ништо полош не беше ниту на спротивниот дел од паркетот, каде сезонава просечно бележеше 8,4 поени, 4,2 скока, пет асистенции и 1,6 украдени топки по натпревар. 

Баерн Минхен ја мина Црвена Звезда во полуфиналето од плеј-инот и го очекува дуел против Реал Мадрид за пласман во евролигашкиот плеј-оф.