• Иван Димовски
Канадскиот бек Ксевиер Рејтан-Мејс е нов член на кошаркарскиот клуб Баерн Минхен, откако официјално беше претставен како најново засилување за претстојната сезона.
Реал Мадрид неодамна ја заврши соработката со 29-годишниот играч, а германскиот гигант брзо реагираше и го донесе во своите редови. Во својата прва сезона во Евролигата, Рејтан-Мејс имаше солиден учинок. Тој во просек бележеше 5.3 поени и 1.3 асистенции за 11 минути по натпревар. Вкупно одигра 23 средби за „кралевите“, од кои пет ги почна како стартер.
„Постигнавме договор со Ксевиер Рејтан-Мејс, канадски кошаркар кој минатата сезона беше дел од Реал Мадрид. Му посакуваме многу успех во нашиот клуб“, стои во соопштението на Баерн.
Мејс ќе донесе дополнителна длабочина и искуство во ростерот на баварците, кои градат конкурентен тим за новата сезона во Евролигата.
