• Зоран Мишевски
Баерн Минхен оствари значајна победа на гостувањето кај Анадолу Ефес во Истанбул, совладувајќи го турскиот гигант со резултат 93-101. Баварците прикажаа одлична игра во нападот, ја презедоа контролата над натпреварот во клучните моменти и не му дозволија на домашниот тим да направи целосен пресврт.
Најдобри стрелци на натпреварот беа Двејн Вашингтон со 21 и Андреас Обст со 20 поени кај Баерн, а во таборот на Анадолу Ефес се истакнаа Дарио Шариќ со 21 и Камерон Пејн со 18 поени.
Хапоел Тел Авив оствари убедлива победа над Бешикташ со резултат 100-82. Израелскиот тим диктираше силно темпо од самиот почеток, а префрлањето на границата од сто постигнати поени сведочи за нивната одлична нападачка форма и доминација во текот на целиот натпревар.
Париз загуби уште една драма, па по Асвел, од главниот град на Франција со победа си замина и Виртус (94-96).











