• Иван Димовски
Исак Бонга е нов кошаркар на Баерн, откако парафира двегодишна соработка со клубот од Минхен.
22-годишниот плејмејкер е всушност репрезентативец на Германија, потекнува од клубот Скајлајнерс од Франкфурт, а заигра во НБА лигата за Лос Анџелес Лејкерс, Вашингтон и Торонто, но и за неколку клубови во развојната лига. Бонга доаѓа од редовите на Репторси и се очекува да биде големо засилување за тимот на Андреа Тринкиери.
За Баерн, Бонга е шестото засилување во преодниот рок. Досега ги доведоа Вимберг, Бранковиќ, Харис, Гилеспи и Винстон, а јасно е дека Баерн има високи амбиции во Евролигата следната сезона.