Бадијала ги намачија САД, Турција загуби од Чешка и остана без осминафинале на СП! 

Одличниот дуел против САД, кој го загубија во продолженијата, наместо дополнително да ги мотивира, имаше контра ефект, затоа што турските кошаркари останаа без пласман во осминафиналето на Светското кошаркарско првенство во Кина

  • Извештај од натпреварот: 

Турција неочекувано многу лесно се предаде на денешната средба против Чешка, во рамки од последното коло на групната фаза и на крај заслужено беше поразена со убедливи 15 поени разлика (76-91). 

Првите три четвртини Турција на неколку наврати не дозволуваше Чешка резултатски да се доближи, но во последните десет минути целосно попушти и му дозволи на противникот 25 поени и да слави голема победа. Хруман со 18 и Балвин со 17 поени беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај Турција единствена светла точка беше само Осман со 24 постигнати поени. 

Убедлива победа запиша Канада над Сенегал со 96-62, а залуден е триумфот на Германија над Јордан со 96-61, бидејќи бундес-тимот е елиминиран и нема да игра во осминафиналето.

  • Извештај од натпреварот: