ВИДЕО: Бадијала блесок на Дончиќ, Далас испушти +19 и загуби од „воините“

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 2-0 во полуфиналето на НБА лигата, во серијата против Далас Маверикс. И втората средба во „Чејс Центарот“ му припадна на домаќинот кој се врати од голема негатива и стигна до победата (126-117). 

  • Голден Стејт Вориорс - Далас Маверикс: 

Натпреварот тргна во знакот на Далас, гостите поведоа бргу двоцифрено, но „воините“ се вратија речиси до егал. Сепак, Маверикс имаа контрола на резултатот до полувремето, поведоа со највисоките +19 разлика и на пауза заминаа со водство од 58-72. 

По сличното отворање на вториот дел, Голден Стејт конечно успеа целосно да се врати во натпреварот. Во третиот период пријдоа близу, а на стартот на четвртиот и поведоа. Потоа до крајот само во два наврати беше нерешено, додека Вориорси одиграа добро и запишаа втора победа. Бадијала блескаше Лука Дончиќ кој уфрли 42 поени и запиша осум асистенции во поразот. Стеф Кари со 32 беше најефикасен во таборот на домашните со 32, а Брансон од Далас заврши со 31 поен.

Серијата сега се сели во Далас, а натпреварите се закажани на 23 и 25 мај.