Баделки убедливи против Спорт тим, лесна победа и за Пробаскет

Кошаркарките на Бадел 1862 стигнаа до втората победа во Шпаркасе лајф Првата лига откако беа многу подобри од екипата на Спорт тим од Неготино (70-41). На другата страна немаа противник по мерка. Евидентна беше разликата во квалитет, дефинитивно на страна на „баделки“, кои тоа го потврдија уште во првата четвртина.

Поентерски гледано. Клири постигна 15 поени, Маркоска 14, Петрушевска уште 13.поени во домашната екипа, додека во гостинската, двоен број на поени запишаа Коцева 12 и Митановска 11 поени.

Шпаркасе лајф Прва лига (ж):
Трето коло:

Бадел 1862 – Спорт тим 70-41
Крива Паланка – Баскет кам 70-83
Пробаскет – Патриот 2016 91-53
Вардар – МЗТ Бела вода 55-53