• Иван Димовски

Екипата на Бадел 1862 се пофали со ново странско засилување, откако нов договор потпиша Линди Клири.
Американката доаѓа во Скопје по настапите за Брен Булс од Англија каде што беше МВП на првенството. Од Клири се очекува да биде огромно засилување, а настапува на центарските позиции.
„Се радувам што ќе играм за Бадел, очекувам да го пронајдам мојот ритам со тимот и да придонесам за победничка сезона. Благодарна сум што можам да ја донесам мојата работна етика која пак ми донесе награди за настап на Ол Стар и МВП во претходните сезони. Моето искуство ме научи да се фокусирам на она што можам да го контролирам: мојот став, напор и комуникација. На теренот, се надевам дека ќе ги инспирирам моите соиграчи да работат напорно и да играат едни за други. Дополнително, би ја ценела можноста да тренирам млади играчи, се надевам дека моето искуство ќе биде добредојдено. Надвор од теренот, се радувам што ќе доживеам друга култура, мојата желба е да научам повеќе за ова ново место“.
Линдзи Клири минатата сезона имаше просек од 19,5 поени, 10,7 скока и 2,8 асистенции.
Тимот неодамна го презеде тренерот Дарко Димитријевиќ, нови договори ставија Бошкова, Николов и Петрушевска.