„Баделки“ првпат загубија, но од првот место влегуваат во плеј-офот

Екипата на Бадел 1862 заврши како првопласирана во регуларниот дел од сезоната во Првата лига-жени. Нашиот најтрофеен женски колектив во последните години, беше прв во првата фаза, остана на истата позиција и по шестте натпревари од Суперлигата.

Во дуелот кој директно го одредуваше пласманот во Суперлигата, „баделки“ загубија од Баскет КАМ, за првпат во оваа сезона (54-57). Сепак, ја одбранија предноста од десет поени која ја имаа по победата н гостински терен во Каменица.

Решавачки за конечниот победник на дербито беа последните минути во кои гостинската екипа успеа да му го нанесе првиот пораз на лидерот. Одличната Гобељиќ реализираше „дабл-дабл“ од 23 поени и 10 скока. Иако стигна до 17 поени, Митрашиновиќ имаше многу низок процент на реализација (19% од поле).

Бадел 1862 имаше доста побалансиран напад, во кој Трајчевска даде 18 поени, Стојановска имаше 13, а Димова уште 10 поени. 

Суперлига (жени)
Шесто коло:

Струга 2009 – Крива Паланка  38-49
Бадел 1862 – Баскет КАМ          54-57
Работнички – Вардар      60-80

Полуфинале:
Бадел 1862 – Крива Паланка
Баскет КАМ – Вардар