• Горан Упале

Новата кошаркарска сезона и во Првата лига жени може да почне. Во сезоната 2023/24 ќе натпреваруваат осум екипи во Првата А лига, и две повеќе во Првата Б лига.
На состанокот на претставниците на сите клубовите-учесници во сениорското натпреварување во женска конкуренција и раководството на федерацијата, беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата А и во Првата Б лига-жени за сезоната 2023/2024.
Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:
Прва А лига:
1. Баскет Кам 2011
2. МЗТ Скопје
3. Куманово 2020 - Гризли
4. Вардар
5. Бадел 1862
6. Пробаскет Академија
7. Крива Паланка
8. Струга 2009
Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 8 екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло.
Прво коло:
Струга 2009 – Баскет Кам 2011
МЗТ Скопје – Крива Паланка
Пробаскет Академија – Куманово 2020-Гризли
Вардар – Бадел 1862