• Зоран Мишевски

Одиграни се два натпревари од саботната програма на петтотоколо од Првата женска кошаркарска лига во женска конкуренција. Бадел 1862 ја оправда фаворитската улога и го совлада МЗТ Бела вода со 70-60
Стојковска постигна 18.поени (имаше и шест скока и четири додавања), ја следеа Клири со двоен ефект од 15 поени и 11 скока, и репрезентативката Маркоска, која на 14 поени придодаде пет скока и две асистенции. Во гостинската екипа, која по пет кола сеуште е без успех, Американката Корли запиша 21 поен, Алексова ја следеше со 14, а Мариновска имаше учинок од 11 поени.
Спорт тим пред своите гледачи го совлада Патриот 2016 со 57-50. До славјето тимот од Неготино го водеа Лукиќ, стрелец на 20 поени (имаше и осум скока и три асистенции), Динова, која даде 17 и Митановска, која имаше „дабл-дабл“ ефект со 14 поени и 15 скока.
На другата страна од теренот, поентерски доминираше Чипова, која даде скоро половина од поените за Патриот 2016, вкупно 25.