• Зоран Мишевски

Со феноменалните Александра Стојановска, Нена Трајчевска како асистент, но и другите девојки, како Лазареска, Секуловска, Димитријевиќ, Максимовска, кошаркарките на Бадел 1862 го совладаа Баскет Кам со 64-60 и покажаа дека во финалето се игра со срце, со мотиви до небо, со желба за успех. Ова е првиот удар во финалето на плеј-офот, па по оваа победа „баделки“ поведоа со 1-0.
- Комплетниот натпревар меѓу Бадел 1861 и Баскет Кам:
Извонредно прво полувреме имаше екипата која добро знае како се освојуваат шампионски трофеи. Особено тоа се однесува за една од нивните две, најдобри кошаркарки во овој состав, во кој недостасуваат неколку повредени кошаркарки, Александра Стојановска.
Репрезентативниот бек на „баделки“ се поигруваше со одбраната на тимот од Македонска Каменица. Во првите 20 минути од првото полуфинле реализираше исто толку – 20 поени.
Шутираше со феноменални 70% од поле (7/10) беспрекорни (6/6) од линијата за слободни фрлања. И практично сама донесе убедливи (19-9) на истекот на првиот период, а уште повисоки (38-24) на полувремето.
Креатор на победата беше Александра Стојановска, која постигна 34 поени, со десет остварени скока, четири асистенции, две освоени топки. Во соработка со Трајчевска и нејзините единаесет реализации, но и помошта која дојде од Лазареска, Димитријевиќ, Максимовска и Секуловска.