Баделки добија уште едно дерби, убедливо совладана Струга 2009

Кошаркарките на Бадел 1862 година влегоа во побeдничка серија. Во само три дена славеа две големи победи. Прво против Вардар, кога му го нанесоа првиот пораз (68-66) на бранителот на титулата во сезоната. Два дена подоцна, „баделки“ победија и на гостувањето во Струга против вториот против-кандидат за најдобрата стартна позиција пред плеј-офот, Струга 2009.

Делуваа убедливо девојките во „сино-жолта“ комбинација против Струга 2009, победија со 30 поени разлика (77-47), па сега со подобар кош-количник се на првата позиција на табелата во Првата лига.

Ист број на бодови има и актуелниот првак, екипата на Вардар, која по несреќниот пораз во дербито со Бадел 1862, безмилосно го наполни кошот на Патриот 2016, (103-40).

„Гостинското“ коло го комплетираа и кошаркарките на Баскет КАМ кои го победија Шкупи (34-55), Трокал во дуелот со Пантери (62-49), како и екипата на МЗТ Скопје Аеродром која излезе како победник на гостинскиот терен во Гостивар (51-44).