• Горан Упале

Oткако го претстави новиот тренер, женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 денеска ја продолжи соработката со три кошаркарки.
И во следната сезона дел од Бадел ќе бидат Љубица Бошкова, Марија Николов и Јована Петрушевска. Трите кошаркарки во Бадел пристигнаа на стартот од минатата сезона и со своите настапи и игри ги оправдаа очекувањата на стручниот штаб на тимот.
По заминувањето на Перо Стамески, управата на Бадел 1862 беше во потрага по нов тренер, а на крај довербата му ја додели на Дарко Димитриевиќ.
ФОТО: Women Basketball Club Badel 1862