• Мартин Танасковски

Во продолжението на сезоната дресот на женскиот македонски прволигаш Бадел 1862 ќе го носи Арин Фримен (03.10.2002). Станува збор за кошаркарка која доаѓа од САД и игра на бековската позиција.
Фримен ќе биде одлично засилување во редовите на баделки, пред се заради нејзиното искуство во НЦАА-лигата кое сигурно е дека ќе биде добредојдено. Арин беше дек од тимот на Универзитетот во Илиној - Чикаго Флејмс.
„Исклучително сум благодарна и среќна што имам шанса да ја започнам мојата професионална кариера во Европа. Возбудена сум што ќе учам и ќе напредувам во и надвор од теренот. Се надевам дека ќе донесам позитивна енергија и ќе ги оправдам очекувањата во секоја смисла на зборот, дефанзивно и офанзивно. Со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот во продолжение на сезоната“, порача Фримен.
Бадел 1862 и посакува успех на Арин Фримен и од клубот истакнаа дека се радуваат на новата соработка.