Бадел 1862 немоќен за уште една гостинска сензација во ВАБА

Екипата на Бадел 1862 не успеа да направи уште едно изненадување на гостински терен и загуби во мечот против бугарска Монтана (81-63), вторпат оваа сезона во рамки на женската ВАБА-лига.

Девојките во „сино-жолта“ комбинација беа рамноправен ривал во првиот период од играта. За тоа сведочи и резултатот (22-19) за екипата-домаќин. Но следуваше сериозен пад во играта во втората четвртина во која една од најдобрите екипи во ова натпреварување и ја направи клучната предност.

По дваесет минути од играта Монтана 2003 имаше предност од 47-30, но домашните не се задозволија со тоа и потоа се обезбеди уште повисока разлика од 67-45, која Бадел успеа да ја намали во последниот дел од играта на гостувањето во Бугарија.

Четири кошаркарки на Бадел 1862 завршија со двоен број на поени. Кметовска постигна 17, Трајчевска имаше 14, Стојановска 11, а Матие дополно со уште десет поени.

По овој натпревар за Бадел 1862 следува пауза од три седмици. Наредниот меч е на 21 ноември, повторно на гостински терен, кај Цинкарна во Цеље.