• Мартин Танасковски
Екипата на Бадел 1862 успеа да слави во четвртиот натпревар од финалната серија над Баскет КАМ на гостински терен (71-77) и така дојде до третата победа, доволна за триумф од 3-1 и враќање на титулата.
Баделки имаа одличен натпревар и му вратија на ривалот за „брејкот“ во претходниот дуел во Скопје, кога две тројки во последните секунди даде Алексиќ, првата за продолжение, втората за победа во екстра-времето.
Македонската репрезентативка Александра Стојановска со 27 поени беше лидер во шампионскиот тим и о доби признанието за МВП на финалната серија, додека Американката Метју имаше 20 поени и 13 скока. Кај Баскет КАМ, Снежана Алексиќ со 25 поени беше најдобра кај Баскет Кам.
- Комплетниот натпревар меѓу Баскет КАМ и Бадел 1862:
Ова беше четиринесетта титула за тимот на Бадел 1862 во историјата.