• Иван Димовски

Кошаркарките на Бадел 1862 ја продолжија финалната серија во женскиот плеј-оф, откако на домашен терен славеа против Крива Паланка со 71-69 и намалија на 2-1 во серијата.
Победата за скопскиот тим ја донесе Ива Чолакоска, која погоди на околу две секунди пред крајот, а гостинките немаа одговор во последниот напад.
До победата Баделки ги водеше триото Фримен, Клири и Чолакоска со одлични настапи. Кај Крива Паланка се издвои Робонсон со 30 поени, Ниехуес запиша „дабл-дабл“ од 18 поени и 10 скока, а двоцифрена беше и Груевска со 13 поени.
Следниот натпревар повторно ќе се игра во Скопје, а Крива Паланка ќе има нова можност да ја затвори серијата и да стигне до титулата.