• Горан Упале

По заминувањето на Перо Стамески, управата на Бадел 1862 беше во потрага по нов тренер, а на крај довербата му ја додели на Дарко Димитриевиќ.
Димитријевиќ е истакнат македонски кошаркарски тренер со над три децении професионално искуство во спортот, зад кого стојат генерации успешни кошаркари, бројни меѓународни семинари и имплементирани тренинг-програми.
Во текот на својата тренерска кариера, Димитријевиќ работел како главен и помошник тренер во КК Балкан Стил, главен тренер за генерации од 1995-2003 во КК Јуниор, клавен тренер во интернационалиот клуб Јукан во Пекинг, Кина, Главен тренер за генерации М15 и М16 во МЗТ Скопје, селектор на кошаркарска репрезентација У14 и главен тренер во младинските категории и помошен тренер во сениорскиот тим тим на ЖКК Бадел.