Бадел 1862 го намачи фаворизираниот Монтана во ВАБА лигата

Кошаркарките на Бадел 1862 одиграа квалитетен натпревар на отворањето на регионалната женска Јадранска лига и беа на раб на сензација против Монтана, но големиот фаворит за место на финалниот турнир во самиот финиш покажа присебност и моќ и извојува минимална победа од 77-74.

Освојувачот на македонскиот Суперкуп дуелот во Скопје го отвори без никаков респект против фаворизираниот противник и тоа му донесе водство по првите 10 минути, 19-17. Но, „баделки“ не застанаа тука, бидејќи продолжија во ист ритам и на полувреме заминаа со предност од 38-35. 

Сепак, на почетокот на третиот квартал Монтана ги консолидираше своите редови и со серија од 11-4 ја најави значајната победа над македонскиот вицешампион.   

Во второто коло од групата Б, кошаркарките на Бадел 1862 повторно ќе играат на домашен терен, а на 6 октомври, а противник ќе им биде словенечкиот претставник, Цинкарна од Цеље.