• Зоран Мишевски
Вицешампионот на Македонија, Бадел 1861 доведе големо засилување и најде замена за Кејтлин Матје, која одлучи својата кариера да ја продолжи во Вардар.
Нов член на тимот од Кисела Вода е канадската кошаркарка Софија Паска, 27-годишен центар која во Македонија ќе дојде од ирското првенство каде минатата сезона ги бранела боите на Сент Полс Килерни и имала фантастичен ефект од 22,6 поени и 11,2 скока по натпревар. Како резултат на тоа, Паска била избрана и во идеалната петорка на лигата.
„Возбудена сум за оваа можност да играм за Бадел 1862. Подготвена сум да учам од големите тренери на овој клуб и да играм со многу талентираните девојки во тимот. Никогаш порано не сум била во Македонија, но нестрплива сум да ја запознаам културата, традициите и да истражувам различни области на земјата. Со нетрпение очекувам да се сретнам со сите наскоро и да почнам да работам за да му помогнам на тимот да има успешна сезона“, истакна Паска.
Паска е второ засилување за Бадел во пресрет на новата сезона по Теа Митрева која неодамна се врати од Баскет Кам.