• Мартин Танасковски
Селекторот Арамис Наглиќ за претстојните квалификациски натпревари на Австрија повика поширок список од 28 кошаркари, предводен од НБА центарот Јакоб Поелтл од Торонто Репторс. Во конкуренција се и искусните Силвен Ландесберг, Лука Брајковиќ, Ерол Ерсек, Тимо Ланмилер, Томас Клепеис, како и повеќе интернационалци кои настапуваат во Германија, Србија, Словенија и австриското првенство.
Првиот собир пред новиот ФИБА „прозорец“ ќе го имаат на 17. август, во Виена.
Поширокиот список на Австрија: Лука Брајковиќ, Лукас Цветкова, Арон Стазиќ, Еди Патекар, Ерик Диец, Ерол Ерсек, Даниел Фридрих, Јакоб Лохр, Миро Заф, Даниел Гргиќ, Даниел Кепел, Лукас Хан, Константин Зауер, Јакоб Шкута, Старлин Иноа Гил, Елвир Јакуповиќ, Себастијан Кеферле, Флоријан Кепел, Ренато Пољак, Нордин Капиќ, Томас Клепеис, Џонатан Кнесл, Силвен Ландесберг, Нико Железник, Елиас Власак, Тимо Ланмилер, Јакоб Пелтл и Богиќ Вујошевиќ.
Во групата Ф, покрај Македонија и Австрија, се наоѓа и селекцијата на Кипар. Натпреварите ќе се играат во три квалификациски прозорци, во август и ноември 2026 година, како и во февруари 2027 година, а само првопласираната репрезентација ќе обезбеди место во главните квалификации за Евробаскет 2029.

