• Саше Љолес
Репрезентацијата на Австралија го освои бронзениот медал на женскиот кошаркарски турнир во Париз, откако беше подобра од селекцијата на Белгија со конечни 85-81 и донесе голем успех за својата земја од Олимписките игри.
Клучна за триумфот беше последната четвртина, во која „кенгурките“ го направија финалниот исчекор, оставајќи го ривалот со празни раце. Во првото полувреме бевме сведоци на израмнета игра, Австралија на паузата водеше со 37-36, но а слична слика на паркетот имаше и во третиот период.
Беше тешко да се предвиди каде ќе замине триумфот, Белгија одигра квалитетен натпревар, но попушти во последните пет минути и на крајот загуби со конечни 85-81. За Австралија ова е вкупно шести медал од Олимписките игри, или трета бронза во историјата.
Убедливо најефикасна кошаркарка во победничкиот состав беше Ези Мегбегор со 30 поени и 13 скокови, додека Џули Ванло постигна 26, а Ема Месеман додаде уште 23 поени во за белгиската селекција.