• Саше Љолес
Женската репрезентација на Австралија ја оствари првата победа во групата Б на Олимписките игри, откако славеше над селекцијата на Канада со конечен резултат 70-65.
Иако Канада одигра квалитетно на стартот, сепак „кенгурките“ успеаја да го преземат водството до крајот на првото полувреме и на паузата имаа предност од шест поени (38-32).
Во третата и четвртата делница Австралија продолжи со солидната игра и не дозволи „кам-бек“ на противникот, со што успеа да го запише премиерниот триумф на кошаркарскиот турнир во Париз и ги задржува шансите за пласман во четвртфиналето.
Најдобра во победничкиот табор беше Семи Виткомб со 19 поени, додека кај Канаѓанките најрасположена кошаркарка беше Бриџет Карлтон, која запиша 16 поени зад своето име. Канада останува без бодови, додека Австралија во последното коло ќе ги одмери силите со селекцијата на Франција.
Попладнево во вториот натпревар од второто коло во оваа група се среќаваат Франција и Нигерија.