Австралија испушти голема предност, Франција бронзена на Мундобаскетот

Селекцијата на Франција е освојувач на бронзениот медал на Мундобаскетот во Кина. Во збркано и неквалитетно надигрување, Австралија испушти 14 поени предност и со ужасна последна четвртина загуби со 67-59 и ја пропушти шансата за прв медал од Светските првенства. 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот започна во знакот на Милс и неговите десет поени во неполна четвртина. Австралијанците под двата обрачи делуваа похомигено, а францускиот шут беше во најмала рака катастрофален.

За 20 минути „галските петли“ постигнаа само 21 поен и на одмор се замина со 21-30. Но, „кенгурите“ влегоа го летаргија, често грешеа и Де Коло и Гоберт намалија на 40-44 на крајот од третиот период. Кога Нандо де Коло погоди од транзиција, австралискиот селектор повика тајм-аут на само -2 за европската репрезентација. 

Психолошката предноста премина на страната на Французите и во последниот квартал предноста почесто беше кај момците на Коле. Албиси со три тројки донесе +8. Австралијците нанижаа 20-тина загубени топки и Де Коло и Фурние ја завршија работата за победа на Франција од 67-59.

Најефикасни во францускиот табор беа Де Коло со 17 и Фурние со 16 поени, а кај Австралија се истакнаа Инглс со 17 и Милс со 15 поени..

Финалниот натпревар меѓу Шпанија и Аргентина се игра во Пекинг од 14:00 часот по средноевропско време.