Австралија го издржа налетот на Италијанците и остана перфектна во Токио

Австралија Италија

Австралија ја продолжи победничката серија и го освои цел плен на дуелот со Италија (83-86) на вториот натпревар во Токио. „Аѕурите“ на Сакети не ги служеше шутот како во текот на првиот натпревар против Германија, па „кенгурите“ со подолгата клупа стигнаа до значаен триумф. 

Долго време се играше израмнето. По првите десет минути на семафорот стоеше 25-25, а идентично неизвесно беше до самата завршница. Вториот дел австралиските кошаркари го одиграа за нијанса подобро од противникот. Тие ги добија двете четвртини и останаа максимални на турнирот. 

Фонтекио со 22 поени ги предводеше стрелците на натпреварот. Во редовите на „кенгурите“ се истакнаа Лендејл со 18 и Милс со 16 поени. Во поразениот состав потфрлија Мели, кој не се запиша во листата на стрелците и Галинари, кој запиша само 5 поени,

Италијанците ќе мора да ја победат Нигерија, ако сакаат да се надеваат за пласман во нокаут фазата. Австралија е веќе во четвртфиналето и таму ќе тргне од првото место во својата група.