АВ Охрид потпиша со Саша Ѓорѓевиќ!

Новиот суперлигаш АВ Охрид во централната фаза од подготовките води и три засилувања од Србија: Милојко Василиќ, Лука Милојевиќ и Саша Ѓоргевиќ.

Бекот Ѓорѓевиќ треба да биде најголемото засилување за охриѓани, своевремето играше за Кожув, а доаѓа од Смедерово. Претходно настапуваше за Слога, Хандлова, Валга Макс и Слога од Краљево.

„Галебите“ одиграа три контролни натпревари и забележаа исто толку победи против Приморје (84-63), Будва (84-77) и Дубровник (82-73).

По враќањето во нашата земја екипата која ја води Петар Чачороски во план има уште неколку новајлии, како АВ Охрид би бил конкурентен во Супер лигата.