• Мартин Танасковски

Екипата на Атланта Хокс ја режира најлудата победа во НБА-лигата, над Чикаго Булс (123-122) по продолженија, со кош на 0,2 секунди пред крајот.
Во екстра-времето, на 0,5 секунди пред крајот, Демар Дерозан доби три слободни фрлања. Најдобриот играч на Чикаго ги погоди сите три, многумина веќе ја видоа победата за „биковите“, меѓутоа Атланта не мислеше така иако беше 121-122.
AJ GRIFFIN AT THE BUZZER IN OVERTIME FOR THE WIN
AGAIN pic.twitter.com/zDy02jm2yL
— Atlanta Hawks (@ATLHawks) December 12, 2022
Во последниот напад и топка од страна, Џонсон изведе, ја додаде до Еј-Џеј Грифин, а тој во одбојкарски стил на 0,2 секунди пред крај ја смести во кошот и предизвика ерупција од радост во салата на „јастребите“ од Атланта.
Јунакот Грифин го заврши мечот со 17 поени, а најдобар кај Атланта беше Треј Јанг со 19 поени и 14 асистенции. Кај Чикаго Булс, Демар Дерозан даде 34 поени со уште 13 скока и осум асистенции.