• Горан Упале

Кошаркарите на Атланта на свој терен убедливо го совладаа Вашингтон со 134-116 и со тоа обезбедија пласман во баражот, кој е последна шанса за плеј-офот.
Хоукси го забележаа третиот последователен триумф и со скор 41-39 се осми на табелата во Источната конференција, на два натпревари пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето, додека Визардси се дванаесетти со скор 34-46. Тре Јанг беше најефикасен кај Атланта со 25 поени и 16 асистенции, а Џон Колинс го следеше со 23 поени. Во поразениот тим Даниел Гафорд запиша 25 поени, а Џони Дејвис додаде уште 20.
Во Тексас, кошаркарите на Далас запишаа важна победа против Сакраменто со 123-119 во борбата за место во плеј-офот. Мавси ја прекинаа серијата од три порази и моментално се изедначени на десеттото место на Западот со Оклахома со 38-42, а „кралевите“ се трети со скор 48-32.
Одлична партија, особено во последниот квартал, пружи Кајри Ирвинг, кој натпреварот го заврши со 31 поен, додека Лука Дончиќ помогна со 29 поени, 10 скока и 6 асистенции. Во тимот од главниот град на Калифорнија најдобар беше Дијарон Фокс со 28 поени.
Во градското дерби, Лос Анџелес Клиперс беа подобри од Лејкерси со 125-118 за прекин на серијата на гостите од четири победи.
Со учинок од 42-38, Клиперси се шести во Западната конференција и се на прагот на пласман во плеј-офот, додека Лејкерси се осми со 41-39 и најверојатно ќе завршат во баражот.
Мемфис Гризлис беше поразен од Њу Орлеанс со 138-131 и сега е јасно дека Денвер Нагетс за првпат во историјата ќе влезе во плеј-офот од првата позиција на Западната конференција.