Атланта неочекувано го смени тренерот, МекМилан веќе е минато

Веднаш по викендот на сите ѕвезди во Солт Лејк Сити, дојде до тренерска смена од познатата НБА-франшица Атланта Хоукс. Поранешниот клуб на Перо Антиќ се одлучи предизвика позитивен импулс со ново тренерско име. 

„Јастребите“ го отпуштија тренерот Нејт МекМилан и во наредниот период екипата ќе ја предводи Џо Пранди.

Еден од главните кандидати за нов тренер е поранешниот предводник на Јута, Квин Снајдер, но се споменуваат и Чарлс Ли од Милвоки Бакс и Кени Аткинсон од Голден Стејт Вориорс, кои своевремено успешно ги водеа Бруклин Нетс.

Атланта сезонава има половичен учинок од 29 победи и 30 порази.