• Иван Димовски

Кошаркарите на Атланта Хокс и Њу Орлеанс Пеликанс се пласираа во финалето на плеј-ин фазата каде што ќе се судрат со Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс кои беа поразени во своите дуели.
Атланта беше убедлива против Шарлот, славеше со 132-103 и така дојде на чекор до плеј-офот. Натпреварот тргна со минимално гостинско водство, но бргу Хокси ја презедоа иницијативата и поведоа. Предноста драстично порасна во вториот дел, за на крајот да дојде до висок триумф од +29.
- Атланта Хокс - Шарлот Хорнетс:
Ламело Бол од поразениот табор беше најефикасен со 26 поени, додека Треј Јанг запиша „дабл-дабл“ ефект со 24 поени и 11 скока.
Планиран триумф запиша и домаќинот во „Смути Кинг Центар“ во Њу Орлеанс, во пресметката со Сан Антонио (113-103). Спарси парираа и имаа стартна предност, ама и тие лесно го препуштија приматот на противникот. Пеликанс со сигурна игра ја исполнија целта и закажаа дуел со екипата од Калифорнија.
- Њу Орлеанс Пеликанс - Сан Антонио Спарс:
Си-Џеј МекКолум со 32 и Брендон Инграм со 27 поени го водеа домаќинот до овој триумф, додека Васел со 23 беше најефикасен кај Сан Антонио.
Последните две плеј-ин средби се закажани за ноќта меѓу петок и сабота.