• Зоран Мишевски
Атланта победи на домашен терен против Кливленд со 120-118, со што ја прекина серијата на гостинскиот тим од четири последователни победи. Гостите можеа да победат во последната секунда, но Донован Мичел промаши шут од половина терен. Најдобар учинок кај Атланта имаше Дежонте Мареј со 29 поени, пет асистенции и четири скока, сезонскиот рекорд го постигна Ониека Оконгва со 21 поен и девет скока, а Трае Јанг забележа „дабл-дабл“ учинок со 16 поени и 10 асистенции. Во гостинскиот тим Мичел беше подобар од останатите со 44 поени, пет скока и пет асистенции. На тој начин го израмни клупскиот рекорд на Леброн Џејмс од 10 последователни натпревари на кои постигна 40 или повеќе поени.
Шарлот ја совлада Оклахома на гости со 134-137 и со тоа ја забележа третата последователна победа. Гостите на почетокот на последната четвртина заостануваа осум поени, но успеаја да надополнат со одличната игра на Пи Џеј Вашингтон. Тој постигна 22 од неговите рекордни 43 поени во последната четвртина, додавајќи шест скока и пет асистенции. Тео Маледон забележа 19 поени и девет скока, додека Ник Ричардс имаше „дабл-дабл“ ефект со 14 поени и 11 скока. Најдобриот стрелец Шеј Гилгес-Александер не настапи за домашната екипа поради повреда на зглобот. Ајшај Џо беше најефикасен кај Оклахома со 33 поени, Џејлен Вилијамс постигна 31 поен, а на Џош Гиди му недостасуваше на една асистенција за „трипл-дабл“ (31 поен, 10 скока и 9 асистенции).
Голден Стејт на домашен терен го победи Њу Орлеанс со 120-109 и ја прекина серијата на гости од пет последователни победи. На крајот од втората четвртина гостите водеа со 20 поени разлика (63-43), но следеше целосен пресврт. До победата ги „воините“ ги предводеше Стивен Кари со 39 поени, со по осум скока и асистенции, Џордан Пул постигна 21 поен, а Клеј Томпсон додаде уште 17 поени. Брендон Инграм имаше најдобар учинок кај Њу Орлеанс со 26 поени, осум скока и седум асистенции.
Вашингтон на домашен терен го совлада Бостон со 130-111, со „дабл-дабл“ ефект на Кристапс Порзингис (32 поени и 13 скокови) и Дени Авдија (25 поени и 10 скокови). На домашен терен победија и Торонто и Мемфис. Гризлис стигна до седмата последователна победа, совладувајќи го Орландо со 113-108, додека канадскиот тим беше подобар од Мајами со 106-92.