Атанасов: Тиват заслужува респект, но победата ни е императив

Работнички е елиминиран, Пелистер има помали шанси во пресрет на последните две кола, па првакот МЗТ Скопје е македонскиот тим со најголеми опции за пласман во нокаут фазата на АБА2 лигата. Избраниците на Васко Атанасов од вчера се во Тиват, каде вечерва го играат клучниот натпревар против Теодо Тиват.

Младиот тренер верува во освојување на двата бода и исчекор во јадранското друштво.

„Победата ни е императив, но тоа не значи дека нема внимателно да влеземе во натпреварот. Секој ривал заслужува респект, така ќе биде и со Теодо. Мора да одиграме внимателно и плански, а ако го направиме тоа тогаш ќе дојдеме до посакуваната цел, а тоа е освојување на двата бода“. рече тренерот на МЗТ Скопје.

Дуелот меѓу црногорскиот и македонскиот претставник во АБА2 лигата се игра вечерва од 20:00 часот.