Атанасов: Влеговме во серија на тешки натпревари

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, ги сподели очекувањата пред гостувањето кај Сутјеска во рамките на АБА-2 лигата. „Металците“ ги очекува нов предизвик во напорниот распоред, но македонскиот тим најавува максимална посветеност и борба за позитивен резултат.

„Влеговме во серија тешки натпревари, ова ни е втор гостински во само неколку дена, но тоа нема да нè спречи да го дадеме максимумот. Против себе имаме квалитетен ривал, кој долго игра на регионалната сцена и кој ќе сака да победи пред своите навивачи. На нас е да одиграме според планот, да ги искористиме послабите страни на противникот и на крајот да се радуваме“, изјави Атанасов.

Натпреварот помеѓу Сутјеска и МЗТ Скопје се игра во сабота од 13:00 часот во Никшиќ.