• Зоран Мишевски

За да го повторат подвигот од пред две сезони, кога преку завршен „балон“ во Скопје се промовираа во повисок ранг, кошаркарите на МЗТ Скопје оваа пролет мора да се надминат себе си во разигрувањето кое се игра во поинаков систем на натпреварување.
Пред првиот четвртфинален натпревар против Широки, тренерот Васе Атанасов најави дека екипата е желна за реванш за поразот на „балонот“ во Мостар.
„Пред нас е тежок натпревар против силен противник, кој ни е своевиден должник по поразот во последното коло од регуларниот дел. Ова е сосема поинаков натпревар, подготвени сме за предизвикот, а ќе ја имаме и помошта од нашите верни навивачи, кои верувам дека во голем број ће се најдат на трибините. А, кога салата е исполнета до крај, на ниту еден противник не му е лесно во Аеродром, бидејќи во такви услови секогаш играме далеку подобро од моменталните можности. Верувам во моите кошаркари и очекувам натпревар во кој ќе дојдеме до посакуваната цел“, рече Атанасов.
Макодонскиот шампион ќе настапи без центарот Крстевски. Само победникот на АБА2 плеј-офот ќе биде промовиран во најсилната јадранска лига.