Атанасов: Резултатот можеше да биде поинаков, но немавме среќа со последните шутеви

Кошаркарите на МЗТ Скопје загубија во драмата против Хелиос Домжале (70-72) во третото коло на АБА2 лигата. Средбата во СЦ „Јане Сандански“ можеше да има и поинаков епилог, но македонскиот првак промаши две тројки за водство во последната минута. 

Токму тоа го посочи и тренерот Васко Атанасов кој кратко го искоментира поразот на својот тим.

„Честитки до Хелиос за борбеноста до самиот крај на мечот. Резултатот можеше да биде поинаков, но немавме среќа во последните шутеви. Одиме понатаму, ќе работиме уште пожестоко и ќе сториме сè за да дојдеме до посакуваната цел“, изјави Атанасов.

Во следната рунда на Втората јадранска лига екипата на МЗТ Скопје гостува токму кај Хелиос со желба за одмазда.