• Зоран Мишевски
Македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром по втор пат е поразен од Хелиос Домжале во АБА2 лигата. Аеродромци во драматичен финиш загубија со 68-67 и се наоѓаат пред елиминација од натпреварувањето уште во групната фаза.
Тренерот Васко Атанасов не беше многу расположен за анализа на натпреварот во Словенија и кратко изјави:
„На овој натпревар игравме добар напад. Ова ни е првпат сезонава да загубиме два натпревари во серија.
Сега мораме да се фокусираме на следниот натпревар во шампионатот“.
МЗТ Скопје Аеродром е трет во А групата со една победа и три порази.