• Зоран Мишевски
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја забележаа втората победа во регионалната АБА2 лига, совладувајќи го на гостински терен Тиват со 65-70 во рамките на петтото коло во групата А. Сепак, оваа победа не значи многу, бидејќи домашниот пораз на Хелиос ги елиминира аеродромци од понатомишните натпревари во АБА2 лигата.
Тренерот Васко Атанасов беше задоволен од победата, но разочаран од елиминацијата.
„Ова беше добар натпревар за нас, особено по отворенета прве четвртине. Битна побједа, а горка, бидејќи не поминавме понатаму од групата. Честитки за екипата на Тиват, Им посакувам многу успеси во иднина“, рече Атанасов.
Покрај МЗТ Скопје, настапите во АБА2 лигата ги завршија и Работнички и Пелистер.