• Мартин Танасковски
Екипата на МЗТ Скопје не успеа да го одбрани домашниот терен во полуфиналето од регионалната АБА-2 лига. „Штрковите“ од Аеродром доживеаја пораз од Спартак Суботица (73-78) во разигрувањето за елитата и ќе мора да бркаат негатива во реваншот.
По натпреварот во Скопје, коментар на мечот даде Васко Атанасов. Тренерот на МЗТ Скопје се надева на подобро офанзивно издание на гостински терен и верува дека тимот може да ја надополни негативата.
„Тврд натпревар во кој противникот се снајде подобро. Мислам дека можевме и подобро да минеме, особено поради добрата игра во второто полувреме. Негативата не е голема и во Суботица сигурно нема да одиме со бело знаме. Ќе се подготвуваме максимално и се надевам дека со нешто подобар офанзивен дел ќе може да го надополнитем пропуштеното од Скопје“, изјави Атанасов.
Реваншот меѓу Спартак Суботица и МЗТ Скопје се игра во првата седмица од месец мај.