• Саше Љолес
Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, даде саркастична изјава после натпреварот со Анадолу Ефес во плеј-офот на Евролигата и упати критики за судискиот колектив, за кој смета дека направил неколку големи пропусти.
Жестоки беа критиките и од претседателот на клубот, Димитрис Јанакопулос, додека Атаман во свој стил рече дека „очекува нешто слично и во Истанбул“.
„Секако дека судиите направија неколку грешки, но мислам дека нивните одлуки не им одеа во полза ниту на нашите ривали. Во целина, мислам дека можат да се подобрат, очекувам слична слика и на следниот натпревар во Истанбул“, рече турскиот стратег.
Очигледна беше намерата на Атаман да остане воздржан за да не добие дополнителна казна за следните мечеви. Анадолу Ефес го совлада ПАО во Атина и ја израмни серијата пред третиот натпревар кој ќе се одигра во Турција.