Атаман се расплака на пречекот: Многу сум тажен, историјата ги памети само шампионите!

Турција долго време беше во предност во финалето на Евробаскетот, но попушти во финишот и ѝ го предаде трофејот на Германија.

И покрај ова, навивачите им приредија незаборавно добредојде на вицешампионите, а таа поддршка и љубов дополнително ги разбудија емоциите во турскиот тим. Селекторот Ергин Атаман не можеше да ги скрие солзите.

„Му благодариме на турскиот народ, кој нè следеше и нè бодреше во текот на целото првенство. Овие момци го претставуваа нашето знаме со огромна решителност, дадоа сè од себе до последната секунда. Горди сме, но лично сум многу тажен. Историјата ги памети шампионите, а ние за малку го пропуштивме тоа“, рече Атаман, бришејќи ги солзите.

Извинувајќи им се на навивачите и на турскиот народ, тренерот изрази надеж дека овој сребрен медал би можел да се претвори во злато во блиска иднина.

ФОТО/PHOTO: tbf.org.tr